Еден од најпознатите холивудски актери, 79-годишниот Харисон Форд, одлучи да го помине својот одмор во Дубровник. Тој е таму заедно со сопругата Калиста Флокхарт и нивниот син Лиам.

Брачната двојка им позираше на фотографите и не се противеше да бидат фотографирани додека шетаа низ градот. Форд беше облечен во едноставна сива маица и панталони за таа пригода, а неговата 22-години помлада сопруга во црвен фустан со бели sвезди. Двајцата имаа патики на нозете.