Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти извесно време пред бомбардирањето, изјави денеска заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија.
САД ги бомбардираа иранските нуклеарни објекти Фордо, Натанз и Исфаган, објави претходно американскиот претседател Доналд Трамп, со напомена се дека објектите се „целосно уништени“.
„Резервите на збогатен ураниум претходно беа преместени од нуклеарните центри и таму не останаа никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење и да бидат штетни за нашите сонародници“, изјави Абедини за Иранската телевизија.
Иранското нуклеарно надзорно тело објави дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области.
Нуклеарната централа Фордо не претрпе значителна штета, изјави државен службеник за иранската новинска агенција Фарс, истакнувајќи дека оштетените делови од централата се „на површината“ и можат лесно да се обноват.