Македонија е меѓу земјите со најголема смртност од коронавирус во светот, а според „Health Data“ има двојно повеќе починати од Ковид 19 отколку што пријавила. Нашата држава е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19. Албанија е на четвртото место во светот според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето.

По Албанија е Мексико (478 смртни случаи на 100 илјади жители), следат Македонија (482), Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).

Во Македонија, односот е два, односно два пати повеќе починати од приваените, додека во Црна Гора е 1,4 пати повеќе починати од пријавените, наведува агенцијата.

Додека официјалните извештаи говорат дека Македонија пријавила 237.1 починат на 100.000 жители, американскиот институт регистрира двојно повеќе – 482.3 починати македонски граѓани на 100.000 жители.

Заклучно со вчера, досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.