Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија” и „Мелроуз плејс”, Хедер Локлир се обидела да се самоубие, објави порталот „ТМЗ”.
По дојава од член на семејството на Локлир дека таа се заканувала со пиштол и со самоубиство, глумицата е префрлена в болница, на одделение за психијатрија.
Пред неколку месеци, глумицата беше уапсена поради семејно насилство, односно за напад врз нејзиното момче. Хедер дала отпор при апсењето и физички нападна тројца полицајци.
По овој инцидент Локлир мораше два месеца да оди на рехабилитација и на состаноци за алкохоличари.