Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се ожени викендов со избраничката Александра Димитриеска во Охрид.

Николоски, на неговиот Фејсбук профил објави фотографии од свадбата која во саботата се одржала во хотелот Инекс Горица во Охрид од каде што потекнуваат и двајцата сопружници.

-Од овој викенд заедно чекориме со Александра…, напиша Николовски на Фејсбук.