На подрачјето на општина Братунац во Република Српска денеска околу 13 часот паднал хеликоптер, но поради непристапниот терен екипите за спасување тешко се пробиваат.

Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска наведуваат дека е пријавен пад на хеликоптер, но засега не можат да ги потврдат наводите за рушење на леталото.

Како што изјави портпаролот на полициската управа на Зворник, Милјан Бобар, мештаните во полицијата пријавиле дека хеликоптер се срушил, и тоа наводно во минско поле, но полицијата се уште не може да ја потврди вистината за падот. Тој вели дека станува збор за многу непристапен терен и дека постои сомнеж дека тоа подрачје е неисчистено од мини.

Станува збор за подрачје кое и припаѓа на општина Братунац. Според неофицијалните информации хеликоптерот паднал во местото Хрнчиќи.

Се уште не е потврдено на кого му припаѓа хеликоптерот, ниту дали има жртви. Од хеликоптерскиот сервис на Република Српска велат дека леталото не е нивно, а исто така и од ЕУФОР тврдат дека нивни хеликоптер не е срушен.