Дојавата за пад на хеликоптер во БиХ била лажна, ијави за „Н1“ Милјан Бобар, портпарол на полициската управа во Зворник. Тој рече дека дошло до дефект на далновод.

– Постоеја одредени сознанија односно пријава дека дошло до пад на хеликоптер на територијатана општина Братунац. Полициски службеници во соработка со други инспекциски служби извршија преглед на теренот и утврдија дека не дошло до пад на хеликоптер туку имало дефект на далновод. Веројатно звучно-светлосниот ефект ги навел граѓаните да помислат дека паднал хеликоптер, изјави Бобар.