Седум Американци загинаа откако хеликоптер се урна што летал од островот Биг Гранд Кеј на Бахамите до Форт Лодердејл во Флорида, соопшти полицијата на Бахамите.
Меѓу жртвите се Крис Клајн, милијардер и рударски претприемач од Западна Вирџинија, објави весникот „Реџистер Хералд“ од Беркли, кој се повикува на гувернерот Џим Џастис.
Полицијата соопшти дека хеликоптерот исчезнал кратко време откако полетал од островот, а властите и локалните жители го пронајдоа местото на несреќата околу три милји од Гранд Кеј.
Полицијата ги идентификуваше жртвите – четири жени и тројца мажи.