Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити, Саидо Берахино за три години успеа да постигне само два гола, но летово, за неполни два месеца постигна жени.
Неговата поранешна вереница Стефани Кристофору на 30 мај го роди синчето Коста, а пак, неговата љубовница Челси Ловлејс на 17 јули му роди ќерка – Анија Мери.
Кај двата случаја, 25-годишниот африкански фудбалер е впишан како татко… Но, сега се појави уште една жена која тврди дека Берахино е татко и на нејзиното дете кое е родено на 15 јуни. Жената, чие име не се открива, на суд бара Берахино по третпат да се најде како татко во матичната книга на родени.
Берахино, најплатениот играч на Стоук, со неделна заработка од 70.000 фунти, и Стефани, бизнисменка од Бирмингем, ја објавија својата свршувачка лани во јуни. Но, таа го напушти веднаш откако дозна за неговата афера со старлетата Челси.