Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потсети дека одбраната на титулата во Премиер лигата останува најважната задача пред неговиот тим.
– Нашата главна цел е шампионатот. Кога ќе видам некои тимови, на пример како Барселона, Баерн и Јувентус, дека за 10 години освоиле по седум титули, ова ми кажува дека тие се најдобри. Сакаме да бидеме постојани во ова натпреварување, изјави Каталонецот.
„Граѓаните“ започнаа добро во првенството со пет победи и едно реми во првите шест круга. Големи се очекувањата кон нив и во Лигата на Шампионите, но таму тимот доживеа неуспех во првата средба против Лион – 1:2.
Утре пак Сити почнува со својот настап во Лига Купот на Лигата (Карабао Купот), каде ривал е Оксфорд Јунајтед.
– По првенството треба да обрнеме внимание на дуелите со директна елиминација. Во нив се стремиме да ги елиминираме грешките од претходните години. Потребна ни е стабилност и ќе се обидеме да го освоиме Карабао купот, додаде Гвардиола.