Екипата на Ривер Плејт го доби големото дерби со Бока Јуниорс одиграно синоќа во Буенос Аирес. Гостите до триумфот во шестиот круг на Аргентинското првенство дојдоа со два прекрасни погодока.

Гонзало Мартинез го постигна првиот гол во 15. минута, Игнасио Скочо во 69. минута ги постави конечните 2:0.

Со трите бода, Ривер Плејт е на 4.место со две победи и четири нерешени средби, Бока е шеста со три победи, еден нерешен исход и два пораза.