И покрај обилните врнежи што вчера ја зафатија земјава, нивоата на реките се под или околу просекот за август. Драстично зголемување бележат само Бабуна кај Богомила и Вардар.

Според денешните хидролошки мерења, Бабуна кај Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за речиси три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија.

Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското покажува благо покачување на нивото, Преспанското извесно намалување, а Охридското е во рамки на августовскиот просек.