Хилтон, Мериот и уште неколку глобални синџири на хотели, јавно се извинија поради нехигиенските практики во Кина, откако на Веибо се појави 11-минутно видео на кое вработени во Валдорф Асторија во Пекинг, користат ист сунѓер за миење садовите и мијалник, а подот во бањата го бришат со крпи наменети за гостите.
– Ако е вака лошо во хотел со пет ѕвездички, тогаш како е во хотелите со три ѕвезди!?, коментира Сем Џао, аналитичар од пекиншката маркетинг компанија Кантар Ворлдпанел.
По објавувањето на видеото, извинувања објавија и хотелот Булгари во Шангај, кој е во сопственост на Мериот Интернејшнл, Рич-Карлтон, како и неколку други хотели.