Еден од најголемите производители на автомобили во светот, јужнокорејскиот Хјундаи, разгледува можност за покренување производство во Хрватска.

Информацијата ја потврдија владини кругови за Јутарњи лист и укажуваат дека јужнокорејскиот производител покажал интересирање за вложување во Хрватска и анализира можност за инвестирање.

Разговорите се водат веќе два месеца.

Во овој момент не е познато колкава е вредноста на инвестицијата на Хјундаи во Хрватска. Но, според соговорници на весникот, како локација Хјундаи би го одбрале подрачјето околу Вараждин.

Таму веќе постојат компании што работат за автомобилска индустрија и би се произведувале автомобили, а не само делови, нагласува весникот.