По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата на Македонија, Муамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.
– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.