Холандија ја продолжи серијата без пораз под водство на Луј ван Гал која трае 19 натпревари.

Денес избраниците на Ван Гал ги победија САД (3:1) во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Последен пат Холандија загуби на 27 јуни 2021 година од Чешка (0:2). Во август истата година Ван Гал се врати на селекторската позиција и оттогаш националниот тим има 14 победи и 5 нерешени.

Во четврт-финалето на Светското првенство во 2022 година, Холандија ќе се сретне со победникот од двојката Аргентина – Австралија.

Овој натпревар се игра вечерва со почеток во 20 часот во градот Ал Рајан.