Холандското државно обвинителство денеска објави дека истрагата за околностите за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хашкиот суд не покажала кога и како поранешниот командант на Генералштабот на ХВО дошол до цијанкалиум.
Холандското државно обвинителство објави дека истрагата за самоубиството не успеала да утврди како и кога дошол до цијанкалиум, кој го испи откако беше прогласен за виновен за воени злосторства во БиХ, ниту дали некој му помогнал.
-Истрага за смртта на Слободан Праљак е завршена. Бранитрелот Праљак минатата година изврши самоубиство во судницата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, откако судот донесе пресуда против него. Истрагата не покажа на кој начин и кога Праљак го набавил цијанкалиумот кој го користеше. Не е утврдено ниту едно кривично дело, се наведува во соопштението на државното обвинителство.
Праљак во хашката судница на 29 ноември 2017 година, откако Апелацискиот совет му ја потврди 20-годишната затворска казна за воени злосторства во БиХ, ја испи содржината на шишето, кое дотогаш го криел. Кратко потоа. Набрзо потоа тој почина. Според официјалните информации, тоа се случило два часа подоцна во болницата Вестеинде.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија побара од холандските власти да спроведат истрага. Холанѓаните утврдија дека поседувањето цијанкалиум не е кривично дело во Холандија.