Холандската полиција во пристаништето Ротердам заплени повеќе од два тони кокаин чија вредност е проценета на повеќе од 151 милиони евра, соопштија локалните власти.
Според обвинителството во Ротердам, 2.020 килограми кокаин биле пронајдени во пратка банани од Еквадор која била наменета за унгарска компанија.
Пристанишните цариници на Ротердам минатата година заплениле вкупно 38 тони.