Холандската Влада најави од петок воведување на полициски час, во обид да го спречи ширењето на новиот вид на коронавирус во земјата. Тоа ќе биде прв полициски час кој е воведен по Втората светска војна во оваа европска држава, која е под „локдаун“.

Полицискиот час би им овозможил само на луѓето со итни потреби да ги напуштат своите домови во периодот меѓу 20:30 часот и 04:30 наутро од петок навечер. Училиштата и малите продавници веќе се затворени од средината на минатиот месец, по затворањето на баровите и рестораните два месеца претходно.

Овој „локдаун“ ќе остане во сила најмалку до 9 февруари, изјави минатата недела премиерот Марк Руте.

Според последните податоци, во Холандија досега се евидентирани 921.580 случаи на зараза со Ковид-19, од кои 13.162 се починати.