Властите во Холандија планираат да воведат забрана за користење мобилен телефон при возење велосипед. За непочитуавње на таа наредба ќе се казнува 95 евра. Тоа го најави министерот за правда Фердинанд Граперхаус.

– Користење мобилен при управување велосипед е опасно. Ќе им укажеме на луѓето многу јасно дека треба да разберат оти тоа е нова норма во сообраќајот и ќе правиме строги проверки, нагласи Граперхаус денеска во изјава за националното радио.

Забраната се воведува од 1 јули оваа година

Во Холандија има повеќе велосипеди (околу 22,5 милиони)  отколку жители (17 милиони луѓе). Речиси 25 отсто од населението вози велосипед секој ден. Возењето велосипед е зголемено за 12 отсто од 2005 година. Просечниот Холанѓанец патува скоро 1.000 километри годишно на 250-300 велосипедски „тури“.

Истражувањето покажува дека 20 отсто од сообраќајки со велосипеди на возраст од 12 до 25 години се поврзани со употребата на мобилен телефон. Вкупно 206 велосипедисти загинаа во сообраќајни несреќи во 2017 година.

Социолошко истражување открива дека 75 отсто од Холанѓаните сметаат дека „активна употреба” на мобилен телефон за време на велосипед треба да биде забранета. Мнозинството велат дека биле сведоци на „опасни ситуации” со велосипедисти кои користат телефони.

Од 2002 година воведена е забрана за користење мобилен додека се управува автомобил.