Холандската влада поднесе оставка поради скандалот во кој илјадници семејства беа погрешно обвинети за измама за социјална помош на децата.
Холандскиот премиер Марк Руте денеска во обраќањето ја објави оставката, велејќи дека одговорноста за скандалот „на крајот е на актуелниот Кабинет и никаде на друго место“.
Според скандалот, на околу 10.000 семејства во Холандија им беше кажано да вратат десетици илјади евра помош откако беа обвинети дека мамеле за да примат социјална помош на деца. Се покажа дека Владата лажела, а не семејствата и дека тие биле лажно обвинети.
Руте го одржа својот говор по објавувањето на извештајот на собранискиот Комитет за помош на децата, што тој го нарече „многу тежок, но фер“.
„На сите нивоа низ целиот политичко-административно-правен систем, направени се грешки што резултираа во голема неправда кон илјадници родители“, забележа тој.
Холандскиот крал го скрати одморот во Грција по критиките. Холандскиот премиер беше јасен дека финансиската компензација за погодените родители е „првото нешто што треба правилно да се организира“.
„Ние ќе продолжиме да работиме на брз надомест и подобрувања потребни за во иднина. Изборите за нова влада ќе се одржат во средината на март, најави тој, велејќи дека дотогаш, сегашната администрација ќе остане вклучена и „може да се очекува да стори што е потребно во национален интерес“.
Руте е на власт повеќе од една деценија, стапувајќи на должнност во октомври 2010 година. Неговото Министерство за надворешни рабти и неговите амбасадори во Скопје беа активно вклучени во силувањето на македонскиот народ при промена на името во Северна на нелегален и насилнички начин.
Доколку неговата партија победи на изборите за два месеци, тој ќе може да формира нова администрација. Обраќајќи му се на холандскиот народ, Руте рече дека „нашата борба против коронавирусот продолжува“.