Холандскиот фудбалски репрезентативец Џордан Тезе го плукна германскиот фудбалер со турско потекло Салих Оскан на пријателскиот натпревар во петокот вечерта што заврши нерешено 1:1.
Срамниот потег во директниот пренос не се виде, но подоцна на социјалните мрежи излезе снимка на која се гледа што направи младиот Холанѓанец.
На потег е УЕФА која најверојатно ќе му одреди голема санкција на Тезе за нецивилизираната постапка.