Не постојат мирни мултикутурни општества, па затоа ЕУ нема да може да форсира „рамномерна“ дистрибуција на мигранти во Источна Европа каде обоените луѓе се тепаат, изјавил министерот за надворешни работи на Холандија во едно протечено видео.
Бомбастичните изјави ги даде министерот Стеф Блок за време на приватна средба со 80 лица кои работат за меѓународни организации. Видеото беша објавено на ТВ програмата Зембла и веднаш предизвика пожар во холандските медиуми.
-Ги прашав во моето Министерство, а истото прашање го поставувам и тука – дајте ми еден пример на мултиетничко или мултуикултурно оштетство каде домородната популација уште живее, а притоа има мирен соживот. Јас не знам ниедно“, вели Блок на видеото.
Министерот отиде уште подалеку кога кажа дека можеби е забавно да се отиде во турска пекара во недела, доколку живеете во подалечно предградие, но доколку живеете во населба со мигранти тогаш ќе се соочите со видливи придружни ефекти.
-Брзо ќе ги сфатите ограничуивањата кои му се на расолагање на општетсвото-истакнува Блок.
Еден учесник на средбата го дал Суринам како пример за мирно мултикултруно општетство, а на тоа Блок коментирал дека Суринам, како поранешна холандска колонија, е „пропадната држава“….а тоа е главно поради етничките поделби“.
За Сингапур, како пример на такво општество Блок се согласил донекаде, но забележал дека таа мала азиска држава е многу внимателна во миграциската политика. „Сингапур е мини држава, екстремно селективна со миграцијата. Тие не доизволуваат да им дојдат сиромашни мигранти. Да, евентуално за чистење“, коментирал Блок.
Парламентарката Лилиен Плоумен ги коментира исказите на министерот како „екстремно непрофесионални“ и достави парламентарно прашање – дали неговите ставови се и ставови на Владата.
Блок, инаку, коментирајќи ја политиката на ЕУ за редистрибуција на мигранти со квоти, посочи дека во Варшава, на пример, нема обоени луѓе, зашто „таму обоените ги тепаат до коска и тие веднаш бегаат“.
„Сметам дека не можеме да успееме со притисок договорот да се прифати од Источна Европа, односно и тие земји да преземат еднаков број бегалци. Источноевропејците никогаш нема да се согласат на тоа“, рекол Блок.