Кралот Вилем-Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција на покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
На првиот ден од посетата планирано е, освен со Сакеларопулу, да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија и да го посетата Акропол, додека пак утре ќе учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, ќе посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детска онколошка клиника.
Рано утрово, кралот и кралицата положија цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот парламент по што следеше и средбата со Сакеларопулу.
Кралот и кралицата на Холандија доцна синоќа пристигнаа во Атина и ги пречека шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, а официјалната посетата на Грција ќе ја завршат в среда во Солун.