Миријам (34) од Холандија и Петар (64) од Нов Зеланд живеат номадски живот во последните 12 години.
И покрај слободениот начин на живот, тие во минатото имале високи достигнувања.
Миријам се откажала од спортската кариера во корист на патувањето низ светот. Таа се сретнува со Петар кога има 22 години додека патува во Индија. Тој работел како универзитетски предавач пред да одлучи да замине и да живее на улица.
-Една од најслободните работи што ги имав направено во мојот живот е што ја напуштив мојата куќа и отидов на аеродром со торба. Оттогаш станав бегалец од современиот живот , вели Петар.
Миријам и Петар немаат постојана адреса, патуваат од место до место со полни ранци на грбот. За да преживеат, Питер се занимава со готвење, додека Миријам обезбедува храна, ловејќи со лак и стрела, иако е одгледана како вегетаријанка. Миријам вели дека и требале две години да научи да лови. Понекогаш двојката оди во продавница за да ги набави работите што не може да ги најде во дивината.
Миријам раскажува дека ја мие косата на потоци со сопствената урина наместо шампон.
Питер и Миријам велат дека не коментираат на темата деца, но не сакаат да имаат, бидејќи не сакаат да се вратат во нормалниот свет. Инаку, тие, како што велат се во „отворена врска“.