Тинејџер од Хонг Конг стана најмладиот притвореник кој се изјасни за виновен за вмешаност во немири за време на масовните протести во 2019. Тој призна дека фрлил молотов коктеч кон полицијата кога имал само 14 години.

Судијата ја прифати препораката на градските поправни органи и го испрати 16-годишното момче во центарот за задржување, што е алтернатива на затворот за млади престапници.

Периодот на притвор ќе го определат поправните служби со минимално времетраење од еден месец и максимален рок од половина година.

Тинејџерот, чие име не е соопштено од правни причини, имал 14 години при апсењето во ноември 2019 година.

– Судот мора да најде рамнотежа помеѓу интересите на општеството и помошта за младите прекршители, рече окружниот судија Ернест Лин.

Повеќе од 10.000 луѓе беа уапсени во врска со масовните демонстрации што го зафатија Хонг Конг во траење од повеќе од половина година во 2019 година, на кои околу 40 проценти од нив беа студенти. ссм/