Ова е хотел Македонија во Скопје. А ва е сведоштвото на Германци кои кратко пред земјотресот го напуштиле хотелот, за да стигнат до автобусот кој ќе ги одведе до аердромот:
„Кусо по 5 часот го напуштивме хотелот Македонија за да одиме со автобус до аеродромот. Само што одминавме дваесеттина чекори почна да тресе. Потрчавме и видовме како хотелот во кој ноќевавме се урна како кула од карти. Се упативме кон плоштадот до камениот мост каде наидовме на голема група луѓе кои земјотресот ги разбудил од сон. Многумина не беа ни облечени. Не знаеме колку долго бевме на плоштадот, но знаеме дека не покри облак прашина од кој добри 15 минути ништо не се гледаше. Конечно го најдовме и автобусот што требаше да не одведе до аеродромот. Беше осамен и покриен со прашина и со камења од околните куќи. Конечно стасавме на аеродромот и стартувавме. Стјуардесата беше наметната со чаршаф зашто немаше време ни да се облече!?“
Хотелот се урнл како кула од карти. Ако не било така, денеска, веројатно ќе бил во сопственост на некој олигарх. И секако, сега немаше да се вика „Македонија“. Кој знае како ќе беше името, ама „Македонија“ немаше да биде. Така ќе имаше двојство: ем ограбен, ем со сменето име. Како и државата.