Бомбата во беспилотното летало, што на 10 март се урна во Загреб, беше со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави вечерва Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
ХРТ цитирајќи висок извор од хрватското Министерството за одбрана наведе дека леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, додека би имало катастрофални последици ако паднел на асфалт или бетон.
Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од авиобомба, што укажува дека урнатото летало не било во извидувачка мисија.
Според дел од воените аналитичари не станува збор за авиобомба, туку за експлозија за самоуништување на опрема и податоци.
Како што претходно беше објавено, беспилотното летало полетало од Украина, Романија, Унгарија и падна во Загреб.