Ако сега се одржат претседателки избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидатка на ХДЗ Колинда Грабар-Китаровиќ би освоила 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 проценти од гласовите, покажа анкета на ХРејтинг.
Резултатите на ХРејтинг, за која истражување спроведува агенцијата Промоција плус, ги објави Хрватската радио телевизија.
Во меѓувреме, поранешниот хрватски премиер Милановиќ вчера ја прекина изборната кампања поради смртта на неговиот брат Крешимир, и соопшти дека ќе му се посвети на семејството.
Пред помалку од еден месец почина и таткото на Милановиќ поради што тој една недела се повлече од политичкиот живот.