Хрватската Влада официјално потврди дека е во процес на набавка на повеќенаменски борбени авиони, процедура што денеска ќе биде доставена до САД и Шведска за нови, а за користени авиони до Франција, Италија, Норвешка, Грција и Израел.

Од САД ќе бидат побарани понуди за авиони Ф-16, од Шведска за ЈАС Грипен, додека за половни – понуди ќе бидат испратени во Франција за авионите „Рафале“, Италија за „Еурофајтер“ и Норвешка, Грција и Израел за Ф-16.

Првичните одговори на тие барања се очекуваат во мај, а целиот процес треба да заврши до почетокот на август годинава, кога се очекува Владата да донесе одлука.