Од Хрватска минатата година заминале речиси 40.000 граѓани, најмногу во Германија. Во Хрватска таа година се доселиле малку над 26.000 лица со што држават ја заврши 2018 година со демографски минус поголем од 13.000 лица.
Тоа се најнови податоци на државната статистика според кои трендот за масовно иселување од Хрватска продолжил и минатата година.
Најголем иселенички бран е регистриран во 2017 година кога од државата се иселиле 47.000 луѓе.