Албанската опозициска Демократска партија и Алијансата за заштита на Националниот театар, потпишаа договор со кој „опозицијата се обврзува во заштита на театарот со законска, политичка и граѓанска акција“.

Договорот го потпиша лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој и денеска беше во театарот, каде се уште се театарски уметници, кои се против неговото уривање и граѓани кои ги подржуваат.

Документот содржи шест точки во кои Алијансата ќе продолжи со обраната на театарот, додека обединетата опозиција предводена од Демократската партија, покрај другото се обврзува дека ќе го укине законот за Новиот национален театар во рок од еден месец откако ќе дојде на власт.

Во оваа пригода, Баша, изјави дека со идентичен пример ќе продолжи и со други целни групи како лекари, медицински сестри и разни здруженија.

Едмонд Будина, познат актер и режисер, еден од главните иницијатори за одбрана на театарот, изјави дека овој договор станува важен кога сите ќе го потпишат.

– Ако потпишете сите ќе го потпишам и јас, им рече Будина на актерите и граѓани а на Баша директно му порача: Немој да не предадеш!

Театарските уметници и граѓани кои се против уривањето на Националниот театар вчера по протестот одржан пред театарот насилно влегоа во зградата и се уште се во објекот.