Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави   дека мигрантот, кој бил повреден за време на полициска акција во Горски Котар во саботата попладне, се здобил со тешка повреда и бил пренесен во болницата во Риека.

Во текот на постапките на полициските службеници, повредена е странски државјанин осомничен за нелегално престојување во област на Горски Котар во саботата попладне во Хрватска.

– Хрватската полиција постапувала во заштита на границата….Во акцијата еден мигрант е повреден. Според досегашните информации веројатно дошло до повреда проади употреба на огнено оружје. За тоа ќе испитува надлежно обвинителство што ќе спроведе истрага, изјави Божиновиќ за ХРТ .