Во близина на хрватскиот остров Зларин, во Јадранското Море се урна воен хеликоптер, соопшти хрватското Министерство за одбрана.
Според Шибеник.ин, во морето е пронајдено тело на една личност, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето.
До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58 за време на тренажен лет, кој почнал денеска во 10.30 часот. Хрватското МО информира дека се преземаат сите мерки и активности со цел пронаоѓање и спасување на екипажот.
– Засега не знаеме колку луѓе биле во хеликоптерот. Сите околности ќе бидат истражени, соопшти полицијата во Шибеник.