Премиерот на Словенија, Марјан Шарец најави дека денеска ќе поднесе оставка од функцијата.

Шарец истакна дека со малцинската коалиција не може да постигне се тоа што планира да го направи и побара вонредни избори.

– Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција.

Тој додаде дека неговата малцинска Влада не може да ги усвои важните закони.

Претходно, словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ поднесе оставка. Според словенечката новинска агенција СТА, најверојатно причина за оставката е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.