Дарко ЈАНЕВСКИ

Факсимил од весникот сподели Бобан Наумовски на ФБ.

Во текстот, како што можете да забележите, се вели:

„Македонија на Македонците. Мнозинството Македонци не сакаат Македонија да се приклучи кон Бугарија, Србија или Грција, тие сакаат на Македонија да и се додели самоуправа, да се ослободи од турското владеење и на нејзино чело да биде поставен христијански кнез. Во Македонија веќе така врие што европските власти бргу ќе бидат присилени да се заземат за Македонија, да ја ослободат од Турција и да и ја доделат саканаат слобода и независност“.

Ова е јануари 1908 година. Токму тоа што го пишува весникот, речиси и ќе се остварело. Имено, според тврдењата на турската историја, султанот Абдул Хамид немал друг излез, освен да се согласи со автономија на Македонија. На тој начин ќе го продолжел вбекот на империјата и нејзинотот присуство ан Балканот и ќе го олабавел притисокот кој доаѓал од Македонија.

Таа автономија била и договрена во јуни 1908 година, во Ревал (денешен Талин, главен град на Естонија) меѓу рускиот цар Николај и британскиот крал Едвард. Следот на настаните би бил јасен: Македонија ќе добие автономија на целата територија со главен град Солун, Битола останува град на конзулите, а Скопје периферна паланка. По некоја деценија вазалство, Македонија би добила и незавиност, откако ќе го мине патот кој го минале и Бугарија и Србија во 19 век.

Така доаѓаме до апсурдот дека целокупноста и независноста на Македонија зависела токму од султанот Абдул Хамид од кого Македонија доживеала низа несреќи. Но, во турското царство, веќе подолго време врие и се подготвува Младотурската револуција. Веста од Ревал, за автономија на Македонија, го иницира командантот на ресенскиот гарнизон Нијази бег, да се одметне со војската и тоа е иницијалната каписла за Младотурската револуција.

„Кога дознав за договорот од Ревал, знаев дека тоа е крај на царството. Затоа репив да се одметнам и да спречам Македонија да добие автономија“, запишал во спомените Нијази бег.

Со тоа, големите сили привремено се повлекуваат од идејата за автономија на Македонија, сметајќи дека Младотурците ќе спроведат реформи. Од тоа, не испаѓа ништо, следат неколку преврти во Цариград, но Младотурската револуција до толку ја ослабува империјата што таа веќе не способна воено да се носи со балканските соседи и ги губи Балканските војни. Победа на Турција би значело останување на Македонија во нејзината целовитост, извесна автономија и независност, нејзин пораз значело поделба на Макеоднија. Токму второто се случило.

Иронијата е што во Младотурската револуција учествуваат и македонски револуционери, како Јане Сандански, надевајќи се залудно и живеејќи во заблуда дека така ќе се остварат и македонските заложби. Македонија дури има и пратеници во турскиот парламент, несвесни дека се декор дека Младотурците нешто прават на тоа поле.

Сето ова, додведува до тоа во македонската историја, долго време, до 2009 година, Младотурската револуција да се смета како позитивен настан, па дури Велија Рамковски, вознесен во тоа време во својата улога, во Ресен му додели некаква награда на внукот на Нијази бег, кој е еден од виновниците за тоа што Македонија е поделена.

Истовремено, во Ресен, ако не се лажам, од страна на Бузлевски како градоначалник, истиот беше прогласен и за почесен граѓанин. При такво срамно непознавање на сопствената историја, тоа не е ни чудно, но таа историја ќе ја најдете и во постарите македонски учебници. Сега работите се во одредена смисла исправени.

Оттука, напишаното во хрватскиот весник „Пучки пријател“ сосема одговара на вистината и на состојбата и расположението во Македонија на почетокот на 1908 година – ни, Бугарија, ни Србија, ни Грција. Таа автономија и самоупрва и ќе се случила, но текот на настаните ги одвел работите во друг правец. За после скоро 100 години да дојдеме до ситуација во која се ќе биде ставено на предавничката маса на Заев, Димитров, Пендаровски и компанијата.