Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска ги осудува навредливите изјави на социјалните мрежи од директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, Горјан Тозија, за Република Хрватска.
Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија им укажа на претставниците на Владата на Македонија за недопустливите изјави Тозија.
Во телефонскиот разговор, министерот Гордан Грлиќ Радман му истакна на неговиот колега, министерот Никола Димитров, кој се дистанцираше од овие индивидуални изјави, кои, како што нагласи, не ја отсликуваат надворешната политика на Северна Македонија.
Соговорниците се согласија дека овие изјави не ја отсликуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи меѓу двете земји. Беше побарано јавно извинување од Тозија за недопустливите најави, кои несомнено заслужуваат секоја осуда, пишува Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.
Денеска Здружението на загрепски бранители- доброволци од Вуковар испрати отворено писмо до хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во кое побара хрватската Влада да реагира за навредите на Тозија упатени кон Хрватска, која ја нарече „фашистичка“ и „усташка“.
Од македонската Влада се уште молк, за изјавите на државниот функционер, кој во неколку наврати ја навредуваше Хрватска.