Невладината организација Проект Среќа, како што е насловена на Фејсбук, преку својот профил упати повик до сите родители кои немаат доволно пари за да ги подготват децата за во училиште да им се обратат.

Според објавата на Фејсбук, ветуваат дискреција, а заинтересираните може да се јавуваат и без идентитет.

– Сите вие кои душата ве боли затоа што немате средства да му го купите на вашето дете она кое му треба за во училиште, а не сакате вашето дете да знае за тоа, пишете ни. Вашата дискреција ќе биде загарантирана доколку самите немате желба да објавите. Ние ве разбираме и сакаме да ви помогнеме за сите да бидете среќни! Среќни деца е нашата цел! Истово важи и за децата кои ќе добијат помош. На децата не им треба дополнителна траума. Затоа избегнуваме да објавуваме слики од оние на кои им помагаме. Освен ако семејството и детето не сакаат тоа сами да го објават. Пријавете се, вашата школска опрема ве чека!, објавуваат на Фејсбук.

Под објавата на Проект Среќа, чиј профил го следат 27.545 луѓе се објавува и хаштагот #проектсреќа #среќнашколскагодина 2022. #среќнашколскагодина.