Ако имаш донеси, ако немаш – понеси, гласи пораката напишана на „Закачалката на добрината“ во Гевгелија, до локалната продавница за овошје и зеленчук Кај Кецот.
Како што може да се види и од фотографијата која кружи на социјалните мрежи, во состав на пилјарата е поставена закачалка со полни торби со храна, а целта е да им се помогне на оние кои не можат да си дозволат храна за празниците.
– Хуманитарна акција, закачалка на добрината под мотото Ако имаш донеси, ако немаш понеси. Апелираме сите што немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите, наведено е под фотографијата.