Лидерот наДемократската унија за интеграција Али Ахмети денеска разговараше со жителите на Србиново, Страјане, Падалиште, Ѓоновица и Симница.
„Aко сме сериозни да му служиме на народот, иднината, да им оддадеме почит на оние кои пролеале крв и пот за оваа земја, мора да застанеме и да размислиме дали е ова важен момент “Заедно за Европа“? Дали е ова моментот заедно да изградиме фронт за Европа и да го скратиме патот до членството, да излеземе со повик до нашите сограѓани дека оваа држава е заедничка. Нашите македонски сограѓани не можат да имаат посилна автономија сами, отколку заедно со своите сограѓани Албанци. Ние сме посветени за посилна Македонија, интегрирана во НАТО, таа да биде во Европската Унија и зошто да не ја изградиме оваа алијанса токму во овој момент, многу корисна за нас не само како Албанци, туку и за сите граѓани на Република Македонија. Членството во Европската Унија ги усогласува стандардите, обезбедува подобар живот, бара да ги исполниме стандардите пред да станеме членка. Ако работиме со срце и верба, нема ништо што не може да се постигне. Има прогноза за 2030 година, но можеме уште повеќе да го скратиме патот ако си ја завршиме домашната задача, a таа задача не треба ја вршиме само затоа што тоа го бараат Брисел и Вашингтон, туку затоа што ни треба нас, да владее законот ни треба нас, да имаме функционална администрација ни треба нас, да немаме криминал и корупција ни треба нас. Ни треба фронт за Европа бидејќи тоа го скратува патот до членството и ја олеснува работата кон материјализација на стандардите почнувајќи од ветингот до владеењето на правото“, рече Али Ахмети – Претседател на Демократската унија за интеграција.