Хумористичната хит-серија од 1990-тите, „Принцот од Бел Ер”, добива свое спин-оф продолжение.

Проектот е на главната ѕвезда на серијата, Вил Смит и неговата сопруга Џејда Смит, кои скоро го основаа и нивното ново „Вестбрук студио”.

Компанијата ќе се занимава со нивните сопствени продукциски проекти, меѓу кои и „Принцот од Бел Ер”, иако Вил претходно тврдеше дека тоа нема да се случи.

Првата епизода од хумористичната серија беше прикажана 1990 година на Ен-Bи-Sи мрежата.

Не се соопштуваат повеќе подробности за новите епизоди.