Американскиот Сенат му се придружи на Конгресот и гласаше против воведување вонредна состојба, која поради мигрантската криза ја прогласи претседателот на САД, Доналд Трамп.
Претседателот се очекува да стави вето на одлуката на двата дома на Конгресот каква досега не е забележана.
Сенатот ја усвои резолуцијата откако неколку републиканци застанаа на страна на демократите.
Конгресот што е под контрола на демократите галсаше против прогласување вонредна состојба на 26 февруари.