Британските пратеници вечерва со голем мнозинство го одобрија предлогот на Владата на премиерката Тереза Меј за одлагање на напуштањето на Велика Британија од Европската унија за по 29 март.

Како што јави Би-Би-Си, „за“ одлагање на Брегзит се изјаснија 412 пратеници, а 202 беа „против“.