САД го повлекоа преостанатиот дипломатски персонал од својата амбасада во Каракас, додека кризата во Венецуела се продлабочува, рече државниот секретар Мајк Помпео.

-Денеска, сите американски дипломати ја напуштија Венецуела. Знам дека е тежок момент за нив. Тие се целосно посветени на нашата мисија да ги поддржиме аспирациите на луѓето во Венецуела да живеат во демократија и да изградат подобра иднина за своите семејства, рече Помпео.

-Владата на САД, на сите нивоа, останува цврста во својата решеност за поддршка на луѓето од Венецуела и привремениот претседател Хуан Гваидо, додаде Помпео.
-Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето присуство откако ќе почне транзицијата кон демократија”.