Претседателот на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, кој гласаше на денешните европски избори, укажа на важноста на овие избори и ги повика сите Европејци да гласаат.
Тој објави фотографија на Твитер од неговото избирачко место.
– Само што гласав. Гласајте како да е пресудно. Секој глас се брои, рече Јункер на Твитер.
Во 2014 година, како водечки кандидат на Европската народна партија, Жан-Клод Јункер доби најголема поддршка од гласачите на европските избори. По одлуката на Европскиот совет и ратификацијата во Европскиот парламент, Јункер беше назначен за претседател на Европската комисија за периодот од 2014 до 2019 година.
Излезноста е битна, бидејќи се смета дека противниците ан политиката која ја претставува Јункер, односно симпатизирите на политиката на Салвини и Орбан во Европа, се помотивирани да излезат на гласање, па ако излезноста биде мала, нивните шанси се поголеми.