Нашето дете Васка Бојаџи заминува на мастер студии за детски права во Единбург.

Васка заедно со Елена Димитриевска беа првата детска делегација која го бранеше детскиот алтернативен извештај пред членовите на Комитетот за правата на детето при ООН во Женева. Заминува за Велика Британија утре и тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и посакува успешни студии.
-Да се пофалам малку и јас. Васка ми е ќерка и утре заминува да учи на универзитет во Британија со стипендија од Владата на Нејзиното Величество! Оти и ние ,,стипендија,, за фалење имаме!, напиша на Фејсбук нејзиниот татко  Јани Бојаџи.