Ова е дел од емисијата на Крис Куомо посветена на д-р Патрик Сун Шионг, човекот кој се збогати со изумување на лекови против ракот, но сега тврди дека од почеток се’ грешело.
Природните клетки убијци, кои ги содржи нашето тело и за кои тој вели дека се дар од Бога, се откриени во 70-тите години на минатиот век, а тој првиот труд за нив го имал во 1990 г. Дваесет години подоцна, тој ја има Анктива, вакцината која превенира и лекува рак. Секој вид на рак. Како? Така што во организмот внесува протеин ИЛ 15 кој успева да остане активен седум дена и за тоа време ги „разбудува“ овие природни клетки убијци кои потоа го уништуваат канцерот (ова истото го може и ФДА, но таа успева ИЛ 15 да го држи активен само два часа, а тоа е недоволно да ги разбуди природните клетки убијци). Проблемот е што ФДА не му ја одобрува Анткива, бара клинички испитувања за секој вид на канцер посебно, а тоа би траело стотици години. Во меѓувреме, луѓето умираат, иако лекот постои.
Патрик Сун-Шионг: Она што мислам дека треба да се направи е да се дојде до основната причина, за да може да се постигне подобар исход. Значи, идејата е да се излечи ракот. Дали такво нешто воопшто постои? Можеби ќе прашате. Јас, пак, верувам дека да, ракот може да се излечи.
Крис Куомо: Цинизмот вели – не, не може. Во секој случај некогаш ќе умреме. Секогаш постојат нешта што нè убиваат. Сè друго е маркетинг. Како ја примате таа критика?
Патрик Сун-Шионг: Ако погледнете оние што јас ги нарекувам универзални вистини, една од нив е следнава: најстарата личност на планетата неодамна почина. Универзитетот во Барселона направи целосна анализа на нејзината крв, ткива и сè останато. Единственото нешто што го пронајдоа како навистина позитивно беше заштитата на нејзиниот имунолошки систем. Таа имаше активен имунолошки систем.
Наратор: Токму тоа е клучно. Се сеќавате на „армијата“ клетки на имунолошкиот систем? Д-р Сун-Шионг вели дека еден „војник“, наречен природна клетка убиец, има потенцијал да промени сè.
Патрик Сун-Шионг: Во вашето тело, постои клетка што убива рак, што убива туберкулоза, што убива сида, што убива ковид, клетка наречена „природна клетка убиец“. Таа е првиот одговор на вашето тело. Само што сè уште не сме го сфатиле тоа целосно.
Крис Куомо: Здрав возрасен човек има околу 2 милијарди природни клетки убијци во крвта. Тие можат да се измерат со крвен тест наречен апсолутен лимфоцитен број. Докторот понуди да ме тестира. Тој долго време верува дека оваа клетка, ако функционира правилно и е активирана, може да убие рак. Проблемот е што најчестите третмани што денес се користат, хемотерапија и зрачење, можеби ги уништуваат клетките на ракот, но доаѓаат со страшна цена. Тие исто така уништуваат голем дел од „армијата“ на имунолошкиот систем.
Патрик Сун-Шионг: Сè што досега сме правеле, свесно или несвесно, ги уништува природните клетки убијци клетки. Ги убиваме додека се обидуваме да ве лекуваме. Сè, од зрачење до хемотерапија, предизвикува уништување на природните клетки убијци. Ако тргнете од таканаречените први принципи, единственото нешто што треба да го заштитите во вашето тело е природната клетка убиец. Ако ја заштитите неа, тоа не само што го спречува ракот, туку го третира ракот и можеби дури и го излекува.
Крис Куомо: Надоврзувајќи се на овие идеи, Сун-Шионг го разви Анктива, имунотерапевтски лек за кој тврди дека има потенцијал да ги таргетира сите форми на рак.
Крис Куомо: Анктива – што прави овој лек?
Патрик Сун-Шионг: Природните клетки убијци на својата површина имаат рецептор кој „бара“ протеин што телото го создава, наречен IL-15, интерлеукин-15. Најважната молекула е 15. Анктива е токму тој IL-15. Тоа е прекинувачот што се врзува за NK-клетката, ја активира, ја размножува и ја зајакнува.
Крис Куомо: Со други зборови, кога природната клетка убиец се третира со IL-15, се случуваат неверојатни работи. Клетката станува посилна, поиздржлива и се размножува побрзо, претворајќи обичен „војник“ во нешто слично на „Неверојатниот Хулк“, доволно моќно за да се соочи со клетките на ракот и да ги уништи.
Патрик Сун-Шионг: Природната клетка убиец има способност да препознае канцерогени клетки, инфицирани клетки и абнормални клетки и селективно да ги уништи. Таа ги лови, ги идентификува како абнормални и ги убива однадвор навнатре.
Ако примите Анктива, дури и кај здрави доброволци, тоа го засилува вашиот прв одоговор на болеста. Ги засилува вашите заштитници. Затоа реков дека моќта е во нас. Навистина имаме шанса да ја промениме парадигмата.
Крис Куомо: Зошто не успеавте да ги решите проблемите со ФДА?
Патрик Сун-Шионг: Бев навистина разочаран. Не сум сигурен дали оваа промена ќе се случи.
Д-р Шион се осврнува и на уште нешто. Тој објаснува дека во нашето тело имаме ген наречен p-53, кој всушност спречува појава на рак. Еве дел од неговиот разговор со Меган Кели во врска со тој ген:
„Слоновите имаат осум p-53 гени. Затоа слоновите не добиваат рак. Знаеш ли што прави Ковид? Го уништува p-53. Токму сега се подготвуваме да го објавиме тоа. Го намалува p-53 и, ако има каква било латентност, тогаш за мене тоа не се разликува од човечкиот папиломен вирус (HPV), кој предизвикува задоцнет рак, по 5 до 10 години откако ќе се заразиш со HPV. Сега, за првпат во Америка, гледаме дека ракот на глава и врат предизвикан од HPV го надминува ракот на грлото на матката. Така што, јас штотуку лекував, всушност лекував околу четири или пет, сега веќе шест пациенти со рак на глава и врат во нашата клиника, и сега ќе започнеме едно испитување, рандомизирано испитување за рак на глава и врат, каде што добиваме позитивна реакција кај шест од шест пациенти.“




