Литванија вечерва стана една од европските држави кои поради претпазливост престанаа да вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“.
–Оваа одлука ја донесуваме сега затоа што во изминатите неколку часа добивме три извештаи за сериозни, неочекувани случаи на тромбоемболизам кај пациенти кои примиле вакцина „АстраЗенека“ во Литванија, рече шефот на литванското здравство Гатис Андрулионис.
–Не знаеме дали тоа е случајност или причината е вакцината, додаде тој.
Литванија стана последната во низата европски земји што престанаа да ја даваат вакцината на британско-шведската компанија, која во Европа ја примија околу 17 милиони луѓе.
Претходно, тоа го сторија Германија, Франција, Италија, Данска, Норвешка, Словенија и други.
Европската агенција за лекови (ЕМА) продолжува да ја проценува можната врска помеѓу употребата на оваа вакцина и тромбоемболичните случаи. Извршниот директор на ЕМА, Емер Кук, во вторникот рече дека придобивките од вакцината сè уште ги надминуваат можните ризици.
Вечерва пак кај нас, „ексклузивно“ беше објавено дека Македонија добила 100 000 дози од вакцината АстроЗенека. Информацијата веќе позната преку дента, но сеедно за медиумскиот шарлатанизам, веќе стана јасно на кој начин и озшто Македонија ги добива овие дози.