Македонскиот олимписки комитет со одлука на Собранието на оваа спортска организација, си го смени името и од денеска се вика Олимписки комитет на С. Македонија, или скратено ОКСМ.  

ОКСМ си го смени и статутот, а промената беше направена по барање на Интернационалниот олимписки комитет, и во координација со ИОК. Сега Собранието ќе брои 53 членови, од кои 29 ќе бидат од спортски федерации кои се од олимписки спортови, додека останатите делегати ќе бидат од спортови кои ги нема на олимписката програма.

Васил Тупурковски кој е претседател уште од формирањето во 1992 година, останува на чело до Олимписките игри во Токио следната година, а за потпретседатели се поставени претседателите на боксерската и кошаркарската федерација, Примислав Димовски односно Перо Антиќ.