Сомнителни пакети со експлозивни направи биле испратени до домови на поранешни американски претседатели и на њујоршкото дописништво на Си-Ен-Ен.
Пакетите се пресретнати и однесени за уништување, изјавија официјални лица. Нема извештаи за повредени.
Си-Ен-Ен објави дека пакетот во нивната канцеларија за прием на пошта бил адресиран до поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, критичар на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и коментатор на тој медиум.
Пакетот испратен до поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешен претседател на САД, Бил Клинтон бил пресретнат пред нивнмиот дом во Чапакуа во Њујорк.
Пакетот испратен до поранешниот американски претседател Барак Обама бил испратен во неговата канцеларија во Вашингтон, соопшти Тајната служба.
Дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк е евакуирано. Градоначалникот на Њујорк настанот го нарече „акт на терор“.
Еден сомнителен пакет бил испратен до Ерик Холдер, поранешен главен обвинител, но поради погрешна адреса е вратен во канцеларијата на републиканката Деби Васерман Шулц во Флорида, бидејќи тоа била етикета за враќање на пакетот, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на два извора од истрагата